Спасовски: Да продолжиме по правиот пат значи никогаш повеќе режим (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

„Да продолжиме по правиот пат значи никогаш повеќе режим“, со оваа порака носителот на листата кандидати за пратеници на СДСМ во Изборна единица 2, Оливер Спасовски ја започна кампањата од своето родно Куманово.

Loading...

– Куманово секогаш било предводик на нови победи, така било низ историјата и во изборните пресврти и така ќе биде и на овие избори, рече Спасовски.

Како што додаде тоа ќе значи не за кражба на народните пари за да се полнат џебови на поединци, поделби на народот, мрачни времиња во коишто се гази врз достоиството на луѓето, значи никогаш повеќе меѓународна изолација, значи „не“ за опасното рушење на здравствениот систем.

– Ние го подготвивме здравствениот систем да се справи со предизвиците од коронавирусот, во услови на светска здравствено-економска криза ги спасивме граѓаните и државата од најцрните сценарија, се погриживме да се сочува секое можно работно место, секој можен бизнис, никој да не остане без егзистенција и како во времето кога решававме стратешки прашања и успеавме да ја покренеме економијата, продолжуваме со решенија и иницијативи, изјави Спасовски на денешната прес конференција.

 

https://www.facebook.com/kumanovskimuabeti1/videos/657029114882753/

 

 

Loading...

Потребно е да се продолжи на патот што заедно го избираме, рече Спасовски, поради брзиот брзиот раст на платите преку брз рестарт и трансформација на македонската економија, за да продолжат вложувањата во јавното здравство и справувањето со предизвиците што ги носи коронавирусот, вложувањата во чиста животна средина, за да се прочисти правосудството од корумпираните судии и обвинители откако ги поставивме основите за правна држава, за да ги осигураме и европските интеграции – по НАТО членството.

Спасовски апелираше да се води безбедна кампања од здравствен аспект и фер и демократска кампања за фер и демократски избори.

Никола Ивановски

Leave a Reply