Кога мислиме на миленичиња, тоа се претежно кучиња или мачки, птици во кафез или егзотични риби во аквариум. Сепак, една жена од Новосибирск успеала да припитоми мечка, која сега не се одделува од неа.
Вероника Дичка од Новосибирск стана популарна на интернет благодарение на фотографиите што ги објавува со својот голем пријател Арчи, мечката што ја спасила од зоолошката градина.
View this post on Instagram
Арчи бил меченце во локалната зоолошка градина во Новосибирск. Зоолошката градина, во меѓувреме, банкротирала, а Арчи ќе останел бездомник, ако Вероника не го спасила.
– Арчи ме гледа како член на семејството. Делиме храна, тој спие на моите раце, а кога се плаши, се крие зад мене. Го посвоивме од зоолошка градина која банкротираше и сега е невозможно да го пуштиме да дивината, бидејќи целиот свој живот го помина во заробеништво. Арчи поминува секој ден со нас. Тој сака нови места, а риболовот за него е вистинско задоволство – рече Вероника.
View this post on Instagram
Бидејќи тие не се загрозен вид, кафеавите мечки честопати биле третирани како домашни животни во Русија.
Се чини дека Арчи одлично се забавува со своето семејство!