„Спасете ги децата“: Во Авганистан убиени или осакатени 26.000 деца

Сподели со своите пријатели

Пет деца секојдневно се убивани или осакатени во Авганистан зафатен со војна во последните 14 години, соопшти организацијата „Спасете ги децата“.
Податоците на Обединетите нации покажуваат дека најмалку 26.025 деца биле убиени или осакатени меѓу 2005 и 2019 година, наведува хуманитарната организација со седиште во Лондон.

Loading...

Организацијата ги повика земјите донатори да ја заштитат иднината на авганистанските деца пред клучниот состанок во Женева, јави Би-Би-Си.

Авганистан е меѓу единаесетте најопасни земји во светот за децата, тврди „Спасете ги децата“.

Минатата година беа убиени 874 авганистански деца, а 2.275 осакатени.

Повеќе од две третини од убиените и ранетите минатата година беа момчиња, како резултат на судирите меѓу владините и антивладините сили или импровизирани експлозивни направи во самоубиствени и несамоубиствени напади.

Извештајот посочува дека училиштата често биле напаѓани во судирите меѓу авганистанската влада, поддржани од американски трупи, против талибанците и другите бунтовници.

„Спасете ги децата“ наведува дека помеѓу 2017 и 2019 година имало повеќе од 300 напади врз училишта.

Пандорка Арсовска-Гацова

Loading...

Leave a Reply