SpaceX постави нов рекорд со својата мисија Crew-1 кога станува збор за должината на американската вселенска мисија.
Американската вселенска агенција – НАСА потврди дека мисијата Кру-1, чиј екипаж викендов се вратил од Меѓународната вселенска станица (МВС), поставил нов рекорд кога станува збор за мисијата на американско вселенско летало, пренесува Хина.
Мисијата на капсулата Crew Dragon Resilience во орбитата траеше 168 дена и се врати на Земјата за време на викендот, слетувајќи во морето крај брегот на Флорида.
Претходниот рекорд беше поставен во февруари 1974 година од екипажот на Skylab, чија мисија траеше 84 дена.
Значајна пресвртница
НАСА посочува дека ова е воедно и прво ноќно слетување на американско вселенско летало од слетувањето на Аполо 8 во океанот во декември 1968 година.
Постигнувањето не е сосема неочекувано, со оглед на тоа што екипажот на Crew-1 требаше да помине шест месеци на ISS, правејќи разни експерименти, прошетки низ вселената и други активности на него.
Мисијата на екипажот Crew-2, која неодамна започна, треба да трае приближно исто време.
Штотуку завршената мисија претставува значајна пресвртница и покажува степенот до кој еволуирале вселенските летови за половина век и докажува дека приватните вселенски летала излегле со некои поискусни задачи.