SpaceX доби лиценца за четврто лансирање на ракетниот систем Starship

Сподели со своите пријатели

Американската федерална управа за авијација (FAA) денеска објави дека ѝ издала лиценца на компанијата SpaceX за четврто лансирање на ракетниот систем Starship.

Loading...

„ФАА му даде лиценца на SpaceX за лансирање на Starship Flight 4. SpaceX ги исполни сите безбедносни и други барања за лиценцирање за овој тест лет“, се вели во соопштението на FAA, пренесува Reuters.

Компанијата SpaceX, во сопственост на Илон Маск, има намера да лансира вселенска ракета во две фази, летало долга речиси 122 метри, од својот космодром во јужен Тексас на 6 јуни, пренесува Танјуг.