S&P: Проблемите во автомобилската индустрија може да ѝ наштетат на Централна Европа

Сподели со своите пријатели

Турбуленциите во европската автомобилска индустрија може да ѝ наштетат на економијата на Централна Европа и да влијае на квалитетот на средствата на банките, предупреди S&P Global, заклучувајќи дека кредиторите можат да се справат со потенцијалните загуби од заемите.

Loading...

Производителите на автомобили низ Европа се борат со слабата побарувачка, високите трошоци и кинеската конкуренција, со многу затворање погони и отпуштање работници.

Заканите на Трамп за царини, построги прописи за штетните гасови…

Меѓу ризиците, S&P ги истакнува и американските закани за царини и построгите регулативи за штетните емисии на гас во ЕУ.

Нивните проблеми се голем удар првенствено за Централна Европа, бидејќи автомобилскиот сектор сочинува пет до десет отсто од БДП во регионот и вработува пет отсто од работната сила, рече S&P, истакнувајќи ги американските закани меѓу ризиците.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Хорор во Јужна Африка: Мртви и изгладнети мажи извлечени од рудник (ВИДЕО)

„Банките во ЦИЕ (средна и источна Европа) имаат само мала директна изложеност на автомобилскиот сектор, преку заеми, чие учество во вкупните заеми на компаниите е околу три до пет проценти“, забележува агенцијата.

„Сепак, значителен пад (во секторот) може да ѝ наштети на економијата во регионот и на квалитетот на средствата на банките“, додаваат тие.

Покрај заемите, големите производители на автомобили денеска собираат пари и на пазарите на капитал, но шок за автомобилската индустрија може да има значителни индиректни последици, смета S&P.

„Новите проблеми во автомобилската индустрија би можеле да резултираат со нови кредитни загуби, првенствено поради можното прелевање на тешкотиите на добавувачите, но веруваме дека деловните резултати на банките во ЦИЕ (регионот) и нивните нивоа на капитал се доволно силни за да ги апсорбираат финансиските загуби“, заклучува агенцијата.

Loading...
ПРОЧИТАЈТЕ И:  Ле Пен: На татко ми му нанесов огромна болка, никогаш нема да си простам за тоа

Можност за Унгарија и Србија

Нарушувањата во глобалната трговија и транзицијата кон електрични возила може истовремено да отворат можности за поединечни земји, како Унгарија и Србија, оценуваат тие, истакнувајќи дека големите кинески банки ја следат ситуацијата во Централна и Источна Европа.

Во 2019 година, кинеската ICBC основаше банка во Австрија која работи низ регионот на Источна и Централна Европа, како и други кинески банки со филијали во регионот, рече аналитичарот на агенцијата Џихан Дуран, наведувајќи ги примерите на Банката на Кина и Градежната банка на Кина.

Тие се многу заинтересирани пред се за Унгарија, која е еден од најголемите пазари, и се обидуваат да формираат партнерства со кинески компании во Унгарија, но и со унгарски компании во партнерство со кинески инвеститори и фондови, забележува агенцијата.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Русија ја обвини Америка дека сака да го уништи гасоводот Турски тек

За време на мандатот на премиерот Виктор Орбан, Унгарија стана важен партнер на Кина во трговијата и инвестициите, за разлика од групата други членки на ЕУ кои сакаат да ја намалат зависноста од втората по големина економија во светот, потсетува Ројтерс.