СОВРШЕН РУЧЕК: Бела чорба со пилешко месо која сите ќе ве одушеви!

Сподели со своите пријатели

Состојки:

Loading...

 

500 гр пилешко бело месо

2 моркова

1/2 корен од першун

1/3 од корен на пашканат

100 гр целер

3 средни компири

Loading...

1 ловоров лист

2 лажички сол

1 лажичка бибер

2 лажички сув зачин од билки

2 жолчки

1,5-2 дл павлака

лимон по желба

Подготовка:

Loading...

 

Измијте го пилешкото бело месо со ладна вода, ставете го во тенџере со околу 1,5 литри ладна вода, покријте го и ставете го да се вари.

 

Кога месото ќе зоврие, додадете го исчистениот зеленчук и солта. Додадете сув зачин од билки, бибер и ловоров лист.

 

Кога месото ќе почне да се одделува од коските, исклучете го огнот и исцедете ја течноста.

 

Оставете го месото и зеленчукот малку да се изладат. Одделете го месото од коските и исецкајте ситно, како и морковите, компирите и целерот. Отстранете го остатокот од зеленчукот.

Loading...

 

Вратете ја исцедената течност во тенџерето и додадете го исецканото месо и зеленчук. Проверете го вкусот и, доколку е потребно, додадете го зачинот што недостасува и оставете го да зоврие уште малку.

Во посебен сад изматете ги само жолчките и павлаката со вилушка.

Тргнете го тенџерето од оган и истурете тенок прилив од смесата од жолчките и кисела павлаката во врелата течност, додека истовремено постојано ја матите супата со вилушка, но само по површината на супата, не во длабочина , така што нема да се формираат грутки. Дури кога целата смеса ќе се истури, промешајте ја целата количина супа.

Кога служите, можете да додадете ситно исечен лист од першун, а по желба дополнително да закиселите со лимон или оцет.

Leave a Reply