Совршен, брз рецепт! Вистински американски палачинки за 5 минути!

Сподели со своите пријатели

Овој американски деликатес станува сè попопуларен и кај нас. Како прво, американските палачинки се разликуваат од нашите, домашните по тоа што се помали и подебели. Тестото за американски палачинки е подебело и содржи прашок за пециво и сода бикарбона.

Loading...

Оригиналните американски палачинки мора да бидат прелиени со јаворов сируп, но можете да ги прелиете со мед или да ги премачкате со џем, крем или нешто друго по ваш избор. Леснo и брзo се прават и се неверојатно меки и вкусни.

За 5 минути ќе добиете вистински американски палачинки – да си ги излижете ги прстите!

Брз рецепт за американски палачинки

Состојки:

За тестото: 3 дл млеко, 250 гр брашно, 2 јајца, 60 гр шеќер, 1/2 лажичка сол, 1/2 прашок за пециво, малку(како мал нокт) сода бикарбона, 70 гр путер

Подготовка:

Се топи путерот на умерена температура, а потоа се остава да се излади. Комбинирајте млеко, јајца, ладен путер, брашно, прашок за пециво, сода бикарбона, шеќер и сол и мешајте додека не се добие компактна смеса. Со мала кутлача ставете ја смесата на загреана тефлонска тава и формирајте палачинки со дијаметар од 10 см. Печете ги прво од едната, а потоа од другата страна (додека не поруменат). Уживајте!

Loading...

 

 

И за уште повкусен вкус … американски палачинки со прелив од цреши

Американските палачинки ќе бидат особено вкусни ако ги наполните со крем, редење неколку палачинки една врз друга и преливање со малку прелив над нив. Ви предлагаме да пробате американски палачинки со прелив од цреши.

За фил: 250 гр сирење маскарпоне, 2 дл слатка павлака, 3 лажици мед

Слатката павлака изматете ја во цврст шлаг. Одделно изматете го маскарпонето и медот, додадете ја слатката павлака и промешајте полека.

За прелив: 200 гр цреши, 1,5 дл сок од исцедени цреши, 3 лажици мед, 1 лажичка густин

Loading...

Во мал сад, комбинирајте ги вишните, сокот од цреша и медот и варете кратко. Посипете со малку густин и продолжете да готвите мешајќи додека масата не се згусне.

Користете торба за пециво, нанесете крем на палачинките. Ставете неколку полнети палачинки една врз друга и прелијте ги со преливот од цреша.

Leave a Reply