Совладан и Пелистер, КК Куманово впиша трета победа (галерија+видео)

Сподели со своите пријатели

Кошаркарите на Куманово впишаа нова, трета по ред победа во домашното кошаркарско првенство, откако вечерва на домашен терен пред празни трибини ја совладаа екипата на Пелистер со резултат 82:67.

 

Loading...

dsc_0014

 

Во првите минути од средбата резултатот беше скоро изедначен, но не требаше многу време, избраниците на Србиновски, пред се репрезентативците Јанески и Костоски да реализираат тројки и набргу на својот тим да му донесат предност од осум поени разлика, односно резултат 19:7, за да по триесетина секунди кумановци го добијат и првото двоцифрено водство со резултат 20:10.

 

dsc_0026

 

Рутинската игра на сино-белите продолжи и во вторите 10 минути од натпреварот кога остварија водство од 20 поени, за да првиот дел од средбата заврши со резултат 53:32.

 

dsc_0039

Loading...

 

Второто полувреме започна со голема желба на Пелистер за намлување на водството на домаќинот, но слабата концентрација и грешките, искусните играчи на Куманово ги искористија паметно па резултатот остана во нивна корист до крајот на натпреварот.

 

dsc_0045

 

Последните 5 минути од средбата за Куманово играше и младинскиот состав на клубот, кога тренерот Србиновски одлучи да им даде шанса на Георгиевски, Стојановски, Јовановски и Тодоровиќ.

 

dsc_0154

 

Во составот на сино-белите петмина кошаркари запишаа двоцифрен број на поени, Мијатовиќ реализираше 16 поени, Јанески 14, Караколев и Миладин Пековиќ по 12, а брилираше и Радослав Пековиќ со 11 поени и осум скокови.

Со оглед на тоа дека имавме тешка утакмица во Приштина, со ова утакмица малку се вративме во нормала, игравме против екипата на Пелистер, ги добивме заслужено. Имаме еден ден одмор и се надевам дека во вторник против Башкими ќе оствариме победа – изјави Никола Караколев, кошаркар на Куманово.

dsc_0061

Loading...

 

Во гостинскиот состав најдобри беа Голубовиќ со 13 и Фил со 10 реализирани поени.

 

dsc_0056

 

Навивачката група Кумани и покрај забраната за публика успеја да развее транспарент на трибините со натпис „За кого се игра кошарката во Македонија“, прашање најверојатно упатено до Македонската кошаркарска федерација, која на крајот на минатата сезона го казни КК Куманово првите две средби во новата сезона на домашен терен да бидат пред празни трибини.

 

dsc_0115

 

Следниот натпревар КК Куманово во рамките на домашниот шампионат го игра на 10ти во гости кај Фени Индустри, додека во БИБЛ лигата во вторник го пречекува КК Башкими од Косово.

 

Loading...

dsc_0069 dsc_0074 dsc_0075 dsc_0077 dsc_0081 dsc_0087 dsc_0097 dsc_0099 dsc_0102 dsc_0104 dsc_0106 dsc_0137 dsc_0151 dsc_0160 dsc_0169 dsc_0173 dsc_0175

dsc_0180