Loading...
Советот за безбедност на Обединетите нации ќе одржи нова итна седница за Иран во петок во 10:00 часот по локално време (16:00 часот по наше време).
Седницата се одржува на барање на Иран, а барањето беше поддржано од Кина, Пакистан и Русија.
Иран побара генералниот директор на Меѓународната агенција за атомска енергија, Рафаел Гроси, и раководителката на Одделот за политички прашања на ОН, Розмари Ди Карло, да поднесат извештај до Советот.
Ова ќе биде втората итна седница за Иран, по онаа одржана минатиот петок.