Советот за безбедност на ОН денеска закажа итен состанок за Газа

Сподели со своите пријатели

Советот за безбедност на ОН за попладнево закажа итен состанок за израелската копнена инвазија на Газа и тешката хуманитарна ситуација за Палестинците, на барање на Обединетите Арапски Емирати.

Loading...

Обединетите Арапски Емирати, арапскиот претставник во Советот за безбедност, се една од 10-те земји избрани во Советот за безбедност кои работат на сè уште дебатираната резолуција за војната меѓу Израел и Хамас.

Советот за безбедност досега отфрли четири предлози за резолуција за војната меѓу Израел и Хамас, еден беше ставен на вето од САД, еден од Русија и Кина, а два не го добија потребниот минимален број гласови.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Израел изврши воздушни напади врз јужен Либан

Состанокот на Советот за безбедност за Газа ќе се одржи попладне по состанокот за Западна Сахара и Колумбија.

Генералното собрание, кое нема право на вето, во петокот усвои резолуција со 120 гласа „за“, 14 против и 45 воздржани, со која се повикува на хуманитарни прекини на огнот што ќе доведе до прекин на непријателствата.

Резолуциите на Советот за безбедност се правно обврзувачки, додека резолуциите на Генералното собрание не се, но тие се важен барометар на светското јавно мислење.