Советот за безбедност на ОН денеска ја одржува првата седница за вештачка интелигенција

Сподели со своите пријатели

Советот за безбедност на ОН денеска ќе ја одржи својата прва официјална седница за вештачката интелигенција (ВИ), откако Велика Британија повика на меѓународен дијалог за влијанието на вештачката интелигенција врз глобалниот мир и безбедност.

Loading...

Владите ширум светот размислуваат како да ги намалат опасностите од користењето на овој тип на технологија, што би можело суштински да ја промени светската економија и меѓународната безбедност, објави Ројтерс.

Британија овој месец претседава со Светската банка и се обидува да се етаблира како глобален лидер во регулирањето на вештачката интелигенција.

Со седницата ќе претседава британскиот министер за надворешни работи Џејмс Клеверли.

Во јуни, генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш го поддржа предлогот на одредени водечки експерти за формирање на меѓународно регулаторно тело за вештачка интелигенција.