Советот за безбедност итно се состанува поради нападот на нуклеарната електрана

Сподели со своите пријатели

По нападот на Русија врз нуклеарната централа во Украина, Советот за безбедност на Обединетите нации денеска ќе одржи итен состанок, објави Си-Ен-Ен, повикувајќи се на тројца дипломати на ОН.

Седницата ќе биде отворена, а на неа ќе говорат и експерти од Меѓународната агенција за атомска енергија и претставници на ОН.

Украина соопшти дека руските сили ја презеле нуклеарната централа Запорожје.

 

Зеленски избегнал три атентати во недела дена

 

„Персоналот на електраната ја следи состојбата на блоковите на нуклеарната централа во Запорожје“, соопштија локалните власти на социјалните мрежи, пренесува Ројтерс.

Вработените во електраната продолжија да работат и да ја следат состојбата во блоковите, се додава во соопштението.

Во текот на ноќта по руското гранатирање, во оваа електрана, најголема во Европа, избувна пожар.