На 49-та седница на Советот на Општина Куманово беше донесен записник со конкретни препораки за подобрување на безбедноста на граѓаните и сообраќајот во градот Куманово, а истите ќе бидат до ставени до Секторот за внатрешни работи.
Жестока дебата се водеше од страна на советниците, кои упатија остри критики кон полицијата за сообраќајниот хаос кој владее во градот.
Меѓу препораките е Секторот за внатрешни работи да ја зголеми контролата на буливерите „Октомвриска револуција“, „Трета Македонска ударна бригада“, улиците „11-ти Октомври“, „Гоце Делчев“, „Тоде Мендол“ и други за да се контролира брзината на возењето според пропишаното.
Исто така, Советот препорачува да се организира заедни акција на полициските службеници и надлежните органи при Општина Куманово за да се отстранат автомобили кои со години наназад стојат напуштени на јавни површини во градот, како и да се регулира непрописното паркирање што е множно подобро.
Препорака има и да се зголеми патролата на полицијата во реоните од градот каде има мултиетничко население, како и парковите каде е забележителна нелегална продажба на наркотични средства.
Претеседателот на Советот, Максим Димитриевски упати и критика за однесувањето на дел од полициските службеници во градот и прекршување на прописите од нивна страна.
По однос на безбедноста во градот, лично се чувствувам непријатно кога гледам полициски службеници кои не делуваат и не ја користат опремата која се должни да ја носат според Закон. Со службените возила вршат прекрошоци и се движат и во едносмерни улици, со што потоа благо помунваат без казни за сторените сообраќјни прекршоци. Во полициската станица во СВР Куманово владее хаос, а фат е дека има и професионални кои си ја вршат работата прописно – рече Димитриевски.
Loading...
Тој напомена дека до него дошле жалби и поплаки од граѓаните дека во паркот Соколана во вечерните часови се врши нелегална трговија со дрога и истата се конзумира од страна на младите во паркот. На истото се надоврзаа и дел од советниците кои истакнаа дека тоа е причината што поставените светла во паркот постојано се уништуваат.
Со 18 гласа „за“ и седум „против“ предлог мерките на Советот упатени кон СВР Куманово беа изгласани.