Советот на Руската Федерација ја одобри ратификацијата на договорот за партнерство со Северна Кореја

Сподели со своите пријатели

Советот на Руската Федерација ја одобри ратификацијата на договорот со Северна Кореја за сеопфатното стратешко партнерство.

Loading...

Договорот ќе стапи на сила по размената на ратификациите и неговата важност не е временски ограничена, пренесе РИА Новости.

Документот беше потпишан од рускиот претседател Владимир Путин и севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун на 19 јуни за време на посетата на Путин на Пјонгјанг.

Договорот ги поставува основите за сеопфатно стратешко партнерство, засновано на принципите на взаемно почитување на државниот суверенитет и територијален интегритет, немешање во внатрешните работи, како и желбата за воспоставување праведен мултиполарен светски поредок.

Четвртиот член од договорот предвидува дека, доколку еден од потписниците биде изложен на вооружен напад и се најде во воена состојба, другиот потписник веднаш ќе обезбеди воена и друга помош со сите расположливи средства.

Дополнително, според осмиот член, страните воспоставуваат механизми за заедничко дејствување со цел зајакнување на одбранбените капацитети во интерес на спречување војна, како и обезбедување на регионален и меѓународен мир и безбедност.