Продолжување на мандатите на градоначалниците и советниците до месеџ откомври кога и треба да се оджат новите локални избори, беше зелено светло да се продолжи со работа во Општина Куманово.
Советниците веќе во понеделник ќе ја одржат својата 66-та седница, на чиј дневен ред пред советниците ќе се најдат 8 точки за расправа.
-
Квартален извештај за извршување на Буџетот на Општина Куманово за I квартал од 2017 година;
-
Буџетски календар;
-
Годишен извештај за движење на заразни заболувања за 2016 година на подрачје на Општина Куманово;
-
Предлог – Одлука за пренесување на правото на користење на дел од објектот Затворен градски базен со пратечки содржини – Куманово;
-
Тримесечен извештај за финансиско работење на ЈП „Водовод“ Куманово од 01.01.2017 – 31.03.2017 година;
-
Извештај за деловно финансиско работење на ЈП „Чистота и зеленило“ – Куманово за период Јануари – Март 2017 година;
-
Предлог – Решение за давање согласност на Одлуката за утврдување цена на влезници за користење на Отворен градски базен во Куманово;
-
Предлог – Решение за давање согласност на Одлуката со која се врши измена на Одлуката со која се определува цена на погребни услуги што ги врши ЈП „Чистота и зеленило“ – Куманово.

