Советот на Општина Куманово утре со почеток во 10 часот во големата сала на поранешен Комитет ќе ја одржи својата 41. седница, на чиј дневен ред ќе се најдат вкупно 28 точки.
Освен редовните финансиски извештаи на дел од јавните претпријатија, на дневен ред ќе се најдат и информациите за претрпена материјална штета во јавните претпријатија „Куманово паркинг“ и „Пазаришта“ поради кризата со коронавирусот.
Меѓу другото се очекува советниците да се произнесат и по предлог одлуката за ослободување од плаќање на услугите за Детската градинка „Ангел Шајче“ која по избивање на пандемијата не работи.
Во продолжение целосниот дневен ред:
1. Извештај за деловно-финансиско работење на ЈП „Чистота и зеленило“ – Куманово за период Октомври – Декември 2019 година;
2. Годишна сметка и Извештај за работа на ЈП „Чистота и зеленило“ – Куманово за период Јануари – Декември 2019 година;
3. Извештај за деловно-финансиско работење на ЈП „Чистота и зеленило“ – Куманово за период Јануари – Март 2020 година;
4. Извештај за работа на ЈП „Водовод“ – Куманово за 2019 година;
5. Финансиски извештаи/Годишна сметка на ЈП „Водовод“ – Куманово за 2019 година;
6. Тримесечен извештај за финансиско работење на ЈП „Водовод“ Куманово од 01.01.2020 – 31.03.2020 година;
7. Тримесечен извештај за финансиско работење на ЈП „Куманово – гас“ – Куманово од 01.10.2019 – 31.12.2019 година;
8. Годишна сметка и финансиски извештај на ЈП „Куманово – гас“ – Куманово за 2019 година;
9. Предлог – Одлука за давање согласност на Измена и дополнување на Годишен план за вработување во 2020 година на ЈП „Куманово – гас“ – Куманово;
10. Извештај за финансиско работење на ЈП „Куманово – план“ – Куманово за 2019 година;
11. Информација за утврдување на претрпена материјална штета на ЈП „Куманово – паркинг“ – Куманово во периодот на ненаплаќање на услуги за паркирање;
12. Извештај за финансиско работење на ЈП „Куманово – паркинг“ – Куманово за период од 01.01.2020 – 31.03.2020 година;
13. Информација за начин на работење на ЈП „Пазаришта“ – Куманово во време на вонредна состојба со анализа на параметри за утврдување на претрпена материјална штета;
14. Финансиски извештај за работа на ЈП „Пазаришта“ – Куманово за период Октомври – Декември 2019 година;
15. Финансиски извештај за работа на ЈП „Пазаришта“ – Куманово за период Јануари – Декември 2019 година;
16. Извештај за работа на ЈП „Пазаришта“ – Куманово за 2019 година;
17. Предлог – Решение за давање согласност на пречистениот текст на Ценовникот на услуги на ЈП „Пазаришта“ – Куманово;
18. Предлог – Решение за давање согласност на Одлуката на ЈП „Пазаришта“ – Куманово за утврдување на недвижни ствари кои треба да бидат предмет на јавно наддавање за издавање под закуп;
19. Предлог – Решение за давање согласност на Одлуката на ЈП „Пазаришта“ – Куманово за измена на Одлуката за определување на пазарни денови;
20. Предлог – Одлука за изменување и дополнување на Одлуката за определување на работно време на зелените пазари во Куманово и на пазарот за продажба на добиток;
21. Предлог – Одлука за дополнување на Одлуката за утврдување на цените на услугите што ги дава ЈОУДГ „Ангел Шајче“ – Куманово и износот на надоместокот на трошоците за престој во установата, што паѓа на товар на родителите;
22. Предлог – Одлука за давање согласност на Измена и дополнување на Годишен план за вработување во 2020 година на ЈОУДГ „Ангел Шајче“ – Куманово;
23. Предлог – Одлука за давање согласност на Предлог – Годишен план за вработување во 2021 година на ЈОУДГ „Ангел Шајче“ – Куманово;
24. Извештај за реализација на Програмата за развој на спортот и рекреативни активности на граѓаните во Општина Куманово за 2019 година со финансов извештај;
25. Предлог – Одлука за начин на користење на тениски терен „23-ти Октомври“ Куманово и утврдување на цена на влезници за 2020 година;
26. Квартален извештај за извршување на Буџетот на Општина Куманово за I квартал од 2020 година;
27. Буџетски календар;
28. Информација за реализирани активности на Одделението за меѓународна соработка и евроинтеграции во 2019 година.
Никола Ивановски