Советот на Општина Куманово утре со почеток од 10:00 часот во големата сала на поранешен Комитет ќе расправа за 16 точки кои се дел од дневниот ред на 56та седница.
Меѓу точките се извештаите на повеќе јавни претпријатија, Полициската станица и неколку предлог одлуки.
Во продолжение целиот дневен ред:
1. Информација за преземени мерки и активности во текот на 2020 година на Полициска станица од општа надлежност Куманово;
2. Извештај за работа на ЈП „Куманово – гас“ – Куманово за 2020 година;
3. Тримесечен извештај за финансиско работење на ЈП „Куманово – гас“ – Куманово од 01.2021 – 31.03.2021 година;
4. Тримесечен извештај за финансиско работење на ЈП „Водовод“ Куманово од 01.01.2021 – 31.03.2021 година;
5. Предлог – Одлука за давање согласност на Измена на Годишен план за вработување во 2021 година на ЈП „Водовод“ – Куманово;
6. Извештај за финансиско работење на ЈП „Куманово – план‘‘ – Куманово за период од 01.01.2021 – 31.03.2021 година;
7. Извештај за реализација на Програмата за развој на спортот и рекреативни активности на граѓаните во Општина Куманово за 2020 година со финансов извештај;
8. Предлог – Одлука за давање на согласност за аплицирање на Регионална програма за локална демократија во Западен Балкан 2 (ReLOaD 2);
9. Предлог – Програма за управување со отпад во Општина Куманово за 2021 година;
10. Предлог – Одлука за давање согласност на Ценовникот за услугите за шлеп служба за отстранување на оштетени возила и возила во дефект од општинските и локалните патишта на територија на Општина Куманово на ДПТУ „АУТО ДИЗИ“ ДООЕЛ Куманово;
11. Предлог – Одлука за дополнување на Одлуката за утврдување на висина на комуналните такси;
12. Предлог – Програма за изменување и дополнување на Програмата за урбанистичко планирање на подрачјето на Општина Куманово за 2021 година;
13. Предлог – Одлука за усвојување на План за одржлива урбана мобилност на Општина Куманово 2020 – 2030 година;
14. Предлог – Одлука за донесување на Измена и дополна на Детален урбанистички план за Г.П. 33 на КП бр. 21972 од ДУП за дел од УЕ „Тоде Мендол“, дел од Урбан блок 61 – Општина Куманово;
15. Предлог – Одлука за пристапување кон измени и дополнувања на Статутот на Општината Куманово;
16. Предлог – Одлука за давање на трајно користење на движни ствари (електронски уреди – таблети) – сопственост на Општина Куманово на општински основни и средни училишта.