Актуелниот Совет на Општина Куманово утре ќе заседава за последен пат, пред одржување на локалните избори следниот месец.
Воедно ова ќе биде и последна седница со 33 члена на Советот. Откако бројот на жители на Општина Куманово според последниот попис падна под 100.000 жители, бројот на советнички места во идниот состав ќе биде покус за двајца советници.
На утрешната 62ра седница, на дневен ред ќе се најдат осум точки по кои треба да расправаат советници.
Седницата започнува во 10 часот во кружната сала на поранешен Комитет.
Целосниот дневен ред во продолжение:
1. Извештај за финансиско работење на ЈП „Куманово – план“ – Куманово за период од 01.04.2025 – 30.06.2025 година;
2. Годишен извештај за работа на Јавната општинска установа за деца – Детска градинка „Ангел Шајче“ – Куманово за учебната 2024/2025 година;
3. Годишна програма за работа на Јавната општинска установа за деца – Детска градинка „Ангел Шајче“ – Куманово за учебната 2025/2026 година;
4. План за подобрување на квалитетот на амбиенталниот воздух за општина Куманово за период 2022 – 2026 (ревидиран);
5. Предлог – Одлука за давање на согласност за формирање на паралелки во прва година со под 25 ученици во општинските средни училишта во Општина Куманово во учебната 2025/2026 година;
6. Предлог – Одлука за утврдување на максималната висина на износот на бесплатниот превоз на ученици на релација с. Вак`в – с. Пчиња и обратно за која нема обезбедено општински линиски превоз;
7. Предлог – Одлука за давање на трајно користење на движни ствари на Јавно претпријатие „Водовод“ – Куманово;
8. Предлог – Одлука за давање на трајно користење на движни ствари.
Никола Ивановски