Советот на Општина Куманово утре ќе ја одржи редовната 51. седница на чиј дневен ред се очекува да се најдат 21 точка по која ќе треба да одлучуваат советниците.
Седницата ќе започне во 10 часот во кружната сала на поранешен Комитет, а дневниот ред можете да го прочитате во продолжение:
1. Извештај за реализација на Програмата за работа на Советот на Општина Куманово за 2024 година;
2. Предлог – Програма за работа на Советот на Општина Куманово за 2025 година;
3. Предлог – Решение за давање согласност на Одлуката за утврдување на вредност на бод за пресметување на платите на вработените во ЈП „Водовод“ – Куманово за 2025 година;
4. Предлог – Решение за давање согласност на Одлуката за утврдување на бод за пресметка на плати на вработените во ЈП „Куманово – гас“ – Куманово за 2025 година;
5. Предлог – Одлука за давање согласност на ЈП „Куманово – гас“ – Куманово за ангажирање на 5 (пет) извршители во 2025 година преку агенција за привремени вработувања;
6. Предлог – Решение за давање согласност на Одлуката за измена и дополнување на Статутот на ЈП „Куманово – план“ – Куманово;
7. Предлог – Решение за давање согласност на пречистениот текст на Статутот на ЈП „Куманово – план“ – Куманово;
8. Предлог – Решение за давање согласност на Одлуката за утврдување на бодот за пресметување на платите на вработените во ЈП „Куманово – план“ – Куманово за 2025 година;
9. Предлог – Решение за давање согласност на Одлуката за измена и дополна на Статутот на ЈП „Пазаришта“ – Куманово;
10. Предлог – Решение за давање согласност на пречистениот текст на Статутот на ЈП „Пазаришта“ – Куманово;
11. Предлог – Решение за давање согласност на Одлуката на ЈП „Пазаришта“ – Куманово за утврдување на недвижни ствари кои треба да бидат предмет на јавно наддавање за издавање под закуп;
12. Информација за запишување на ученици во I-ва година и актуeлни состојби на средните училишта и ЈУ – ОУД „Професор Мијалковиќ“ во Општина Куманово во учебната 2024/2025 година;
13. Информација за запишување на училишните обврзници во прво одделение во општинските основни училишта и актуелни состојби во основното образование во Општина Куманово во учебната 2024/2025 година;
14. Предлог – Одлука за зголемување на основната главнина на Јавното претпријатие за изградба на инфраструктурни објекти „Куманово – гас“ Куманово;
15. Предлог – Одлука за измена на Одлуката за извршување на Буџетот на Општината Куманово за 2025 година;
16. Буџетски календар;
17. Предлог – Одлука за утврдување на Нацрт – Детален урбанистички план за дел од УЕ „Перо Чичо”, дел од УБ 17, плански опфат помеѓу граница на наменска зона, ул. „Милентие Поповиќ“, ул. „Михајло Пупин“, ул. „Веселин Маслеша“ и ул. „Руѓер Бошковиќ“ – Општина Куманово;
18. Предлог – Одлука за утврдување на Нацрт – Измена и дополнување на Детален урбанистички план за дел од УЕ „Стари Лозја“, дел од УБ 13, плански опфат помеѓу пешачка патека 4, регионален пат Куманово – Свети Николе (Р1204), ул. „Ѓорче Петров“, ул. „Ајдучка Чешма“ и ул. „Новопланирана“ – Општина Куманово;
19. Предлог – Одлука за донесување на Урбанистички проект со план за парцелација за г.п. 1.1 со намена Г1-тешка и загадувачка индустрија, КО Куманово, од Детален урбанистички план за дел од УЕ „Индустрија“, дел од УБ 82, плански опфат меѓу регионален пат Р2133, граница на УБ, граница на УЕ, ул. „11 Ноември“, к.п. 9941/2, ул. „Индустриска“, ул. „2005“, ул. „2004“ и граница на градежен реон – Општина Куманово;
20. Предлог – Одлука за исплата на еднократна парична помош од Буџетот на Општина Куманово за 2025 година;
21. Предлог – Решение за разрешување на член на Надзорниот одбор за контрола на материјално-финансиското работење на ЈП „Куманово – план“ – Куманово.
Никола Ивановски