Советот на Општина Куманово во големата сала на зградата на поранешните општествено – политички организации, со почеток во 10:00 часот утре ќе ја одржи својата 42. седница.
Loading...
На дневен ред ќе се најдат три точки за кои советниците ќе треба да дебатираат и донесат одлука.
1. Тримесечен извештај за финансиско работење на ЈП „Куманово – гас“ – Куманово од 01.2020 – 31.03.2020 година;
2. Предлог – Одлука за дополнување на Одлуката за начин на користење на тениски терен „23ти Октомври“ Куманово и утврдување на цена на влезници за 2020 година;
3. Предлог – Одлука за начин на користење на „Градски стадион“ Куманово.
Никола Ивановски