Советот на Европа ѝ нареди на Италија да ја укине или промени регулативата за мигрантите

Сподели со своите пријатели

Италија треба да ја укине или преработи новата регулатива за миграција, која има за цел да го намали обемот на спасување мигранти извршени од бродови на невладини организации, вели комесарката за човекови права на Советот на Европа Дуња Мијатовиќ во писмото упатено до италијанскиот министер за внатрешни работи Матео Пјантедоци.

Loading...

Уредбата, донесена од десничарската влада на премиерот Џорџе Мелони, бара спасувачките бродови да пристигнат во пристаништето без одлагање по операцијата за спасување и да не остануваат на море барајќи други чамци со мигранти во неволја.

Во писмото испратено до Пјантедози минатата недела, кое беше објавено на интернет денес, Мијатовиќ посочи дека регулативата ги ограничува можностите за спасување бидејќи ги принудува спасувачките бродови да ги игнорираат другите повици за помош дури и кога сè уште имаат капацитет да спроведат понатамошни спасувања. објави Ројтерс.

Слични критики минатиот месец упати и Италијанската католичка црква. Во одговорот, објавен и од Советот на Европа, Италија негираше дека нејзината регулатива забранува повеќекратно спасување, но дека се обидува да стави крај на спасувањето на мигрантите без никаква координација.

Регулативата стапи на сила на почетокот на јануари, но сепак треба да биде ратификувана од италијанскиот парламент, а текстот може да се промени во процесот.

Италија се соочува со зголемен број мигранти од Северна Африка, а спасувањата спроведени од невладини организации изнесуваат нешто повеќе од 10 отсто од вкупниот број, при што најголемиот дел од мигрантите користат државни или приватни пловни објекти.

Околу 105.140 мигранти пристигнале по море во Италија минатата година, покажуваат бројките на Министерството за внатрешни работи, споредено со 67.477 во 2021 година и 34.154 во 2020 година.

Обединетите нации проценуваат дека речиси 1.400 мигранти загинале при обидот да го преминат Медитеранот минатата година.

Loading...