Советот ќе ги ослободи родителите од плаќање надоместок за градинка (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Советот на Општина Куманово ќе ги ослободи родителите од плаќањето на надоместокот за градинка, ова е иницијативата на владејачкото мнозинство предводено од СДСМ, информираше денеска на прес конференција претседателката Атина Мургашанска.

Loading...

Кумановци не ги користат услугите на Детската градинка „Ангел Шајче“ од 11ти март согласно одлуката на Владата овие објекти, заедно со училиштата и факултетите да се затворат со цел да се спречи ширењето на коронавирусот.

–  Имено, ние предложивме управниот одбор да донесе одлука, а на оваа седница ќе расправаме и се надевам ќе биде усвоена одлуката за потполно ослободување на плаќање на надоместокот на родителите чии деца не ги користеа услугите на градинката од периодот на затворање на градинката се до нејзиното ставање во функција. Сметам дека ова ќе придонесе и за материјалните можности за нашите граѓани, а исто така дека тоа е правична одлука со оглед дека не по вина на родителите или по соствен избор нашите дечиња не можеа да ги користат услугите на детската градинка, рече Мургашанска на денешната прес конференција.

На минатата редовна седница, Советот донесе одлука со која ја намали фирмарината од 6.000 на четири илјади денари, а воедно донесе и одлука угостителите да ги ослободи од плаќање надоместок за користење на јавните површини пред нивните објекти. Од ваквата такса тие ќе бидат ослободени до крајот на 2020 година.

На седницата закажана за вторник се очекува на дневен ред да се најдат и повеќе други мерки кои ќе понудат помош на најпогодените граѓани на Куманово од пандемијата на коронавирусот.

Никола Ивановски

Leave a Reply