Советник на Трамп прекина европска турнеја поради кибер нападите во САД

Сподели со своите пријатели

Советникот за национална безбедност на претседателот на САД, Доналд Трамп, Роберт О’Брајан, ја прекина својата европска турнеја и итно замина за Вашингтон, поради кибер нападите од руски хакери против американските владини агенции, јавија американски медиуми повикувајќи се на висок извор во Белата куќа.

Loading...

О’Брајан има намера да одржи состанок со Советот за национална безбедност веднаш штом се врати. На 14 декември, американските власти потврдија дека најмалку две институции – Министерството за финансии и Националната администрација за телекомуникации и информации (НТИА) – биле цел на голем и добро подготвен кибер напад.

Во исто време, беше пријавен упад во софтверот SolarWinds, што го користат голем број владини агенции.

Според американската влада, хакерите се поврзани со руски владини агенции.

За време на турнејата, Роберт О’Брајан успеа да ги посети Франција и Израел, но не оствари посети на Германија, Швајцарија и Велика Британија. Планира да го продолжи патувањето во Европа в сабота.

Златко Шумковски

Leave a Reply