Утре со почеток во 10 часот ќе започне 65-та седница на Советот на Општина Куманово, каде на дневен ред ќе се најдат вкупно 16 точки по кои ќе расправаат советниците, меѓу кои и предлог одлуки за давање согласност за вработување во општинските јавни претпријатија и институции.
-
Извештај за реализација на Програмата за работа во областа на располагање со градежно земјиште во сопственост на Република Македонија на подрачјето на Општина Куманово за 2016 година;
-
Предлог – Програма за работа во областа на располагањето со градежно земјиште во сопственост на Република Македонија на подрачјето на Општина Куманово за 2017 година;
-
Предлог – Стратешки план за подобрување на меѓукултурното разбирање во Општина Куманово;
-
Предлог – Одлука за давање согласност на Годишен план за вработување за 2017 година на ЈП „Водовод“ – Куманово;
-
Предлог – Одлука за давање согласност на Годишен план за вработување за 2017 година на ЈП „Куманово – гас“ – Куманово;
-
Предлог – Одлука за давање согласност на Годишен план за вработување за 2018 година во Јавната општинска установа за деца – Детска градинка „Ангел Шајче“ – Куманово;
-
Предлог – Одлука за давање согласност на Годишен план за вработување за 2017 година во Јавната општинска установа – Дом за стари лица „Зафир Сајто“ – Куманово;
-
Предлог- Одлука за утврдување потреба од донесување на урбанистичко-планска документација за КП 131/6, м.в. Турски Кладенац, КО Горно Коњаре – Општина Куманово;
-
Предлог – Одлука за утврдување потреба од донесување на урбанистичко-планска документација за КП 926, м.в. Река, КО Орашец – Општина Куманово;
-
Предлог – Одлука за утврдување потреба од донесување на урбанистичко-планска документација за КП 2398/1, 2403, м.в. Поток, КО Винце – Општина Куманово;
-
Предлог – Одлука за утврдување потреба од донесување на урбанистичко-планска документација за КП 2715/10, м.в. Пуковско, КО Куманово – Општина Куманово;
-
Предлог – Одлука за утврдување потреба од донесување на урбанистичко-планска документација за КП 4235, м.в. Дрење, КО Четирце – Општина Куманово;
-
Предлог – Одлука за утврдување потреба од донесување на урбанистичко-планска документација за КП 4253/1, м.в. Арапов Кладенец, КО Куманово вон гр.р. – Општина Куманово;
-
Предлог – Одлука за утврдување потреба од донесување на урбанистичко-планска документација за КП 1103 и за дел од КП 5058, м.в. Поток, КО Орашец – Општина Куманово;
-
Предлог – Одлука за донесување нa Измена и дополна на Детален урбанистички план за дел од УЕ „Х. Т. Карпош“, дел од УБ 64-м, плански опфат меѓу крак на ул. „Борис Кидрич“, јавен паркинг, КП 14926/2, ул. „Љубе Гачев“ и ул. „Киро Фетак“ – Општина Куманово;
-
Предлог – Одлука за донесување нa Детален урбанистички план за дел од УЕ „Стари Лозја“, дел од УБ 13, плански опфат меѓу ул. „Ајдучка чешма“, ул. „Ајдучка Чешма 1“, ул. „Ајдучка чешма 2“ и ул. „Ајдучка Чешма 3“ – Општина Куманово.
Расправата по овој дневен ред можете да ја следите во живо на Телевизија Плус.