Советот на Општина Куманово утре ќе ја одржи својата осма седница на чиј дневен ред ќе се најде една единствена точка – советнички прашања.
Loading...
Право на по две прашања ќе има секој член на Советот и истите ќе може да ги упати до градоначалникот на Општина Куманово Максим Димитриевски или до раководителите на општинските сектори.
Пракса на Советот на Општина Куманово е ваква седница да се одржува еднаш во неколку месеци.
Инаку, седницата ќе започне во 10 часот во големата сала на поранешен Комитет.
Никола Ивановски