Советниците утре ќе бараат отчет за работа на ЈП ”Пазариштa”

Сподели со своите пријатели

Откако на последната 36 -та седница на Советот на Општина Куманово беа усвоени финансиските извештаји на ЈП “Водовод”, ЈП “Чистота и зеленило” и ЈП “Куманово паркинг”, советниците поради отсуство на директорот на ЈП Пазаришта, за утре повторно ја ставија на дневен ред точката за финансиски извештај на градското претпријатие задолжено за зелениот и сточен пазар.

Loading...

Советниците на утрешната седница ќе дискутираат за финансискиот извештај за работа на ЈП „Пазаришта„ – Куманово за период Октомври – Декември 2014 година, односно за период јануари – декември 2014 година и работата на претпријатието за 2014 и првото тромесечие за 2015 година.

Од останатите точки на редовната 37 -ма седница на Советот е и усвојувањето на решение за давање согласност на Ценовникот на услуги на ЈП „Пазаришта“ – Куманово, предлог – одлуката за прифаќање на проектот „Обезбедување поддршка во подобрувањето на енергетска ефикасност во колективно домување“, како и предлог – одлуката за исплата на парични средства од Буџетот на Општината Куманово за 2015 година од ставка тековни резерви за ангажирање на противпожарни работници.

Останатите точки се поврзани со усвојување предлог одлуки за утврдување потреба од донесување на урбанистичко-планска документација за деталниот урбанистички план на Куманово.

Leave a Reply