Две точки ќе се најдат на дневниот ред пред советниците на 8. седница на Советот на Општина Куманово.
Првата е Предлог – Одлука за ослободување од плаќање на надоместок за уредување на градежно земјиште за доградба на објектот „Синоличка“ на ЈОУД – Детска градинка „Ангел Шајче’’, по што ќе следуваат советничките прашања.
Седницата ќе започне во 10 часот со директен пренос на Телевизија „Плус“.