Совети како вратите и прозорците на автомобилот да не замрзнат

Сподели со своите пријатели

Никогаш не отворајте замрзната врата од автомобилот со сила бидејќи може да ја оштетите.

Loading...

Одлични совети како да не ви замрзнат стаклото и вратата

Ако можете, секогаш паркирајте го автомобилот со предниот дел на исток. Така, првите утрински зраци полека ќе го стопат мразот на шофершајбната.

Направете стаклен одмрзнувач кој наутро само ќе го прскате врз мразот. Во шишето ставете литар алкохол, децилитар вода и малку детергент за миење садови.

Добро протресете. Постои уште еден рецепт – наполнете шише со спреј со алкохол и вода во сооднос 2:1 (две третини алкохол и една третина вода).

Заштитете ги бравите од мраз. Тоа е местото каде што WD40 помага. Испрскајте го во бравите на вашиот автомобил и нема да замрзне преку ноќ.

За да спречите замрзнување на вратата, премачкајте ја гумата околу вратата на автомобилот со малку маснотија. Тоа може да биде глицерин, вазелин или растително масло за јадење. Направете го тоа веднаш штом ќе излезете од возилото за следното утро да можете без проблем да ја отворите вратата.

Ставете ги чорапите на бришачите! Да, добро прочитавте. Ставете стари чорапи на бришачите за да не ги најдат „залепени“ на замрзнатото стакло наутро. Или, едноставно подигнете ги од стаклото за да не се залепат.

Ретровизорите на автомобилите нема да замрзнат ако ставите пластични кеси на нив. Можете да ги завиткате и со ластик.

Loading...

Ставете го картонот на стаклата. Ова е одличен начин да се спречи воопшто да замрзнат стаклата на автомобилот, што често го користат возачите. Наместо картон, можете да ставите стара крпа.

ВНИМАНИЕ!

Никогаш не истурајте топла вода на замрзнатите прозорци бидејќи тие можат да пукнат, особено ако веќе имаат помали оштетувања, предупредуваат експертите.

Попаметно решение е да нанесете млака вода која на стаклото ќе ја нанесете со крпа.

Трикови како да не се замаглат стаклата во автомобилот

Сите сталка премачкајте ги со пена за бричење и добро истријте со хартиена крпа додека не исчезне вишокот.

Има уште еден трик – наполнете ги старите чорапи со песок за мачки, врзете ги и оставете ги во автомобилот.

Тој песок ја впива влагата, па ќе ја намали неговата количина во вашето возило, пишува Ало.