СОУ „Перо Наков“ оствари соработка со училишта од Литванија, Полска и Романија

Сподели со своите пријатели

Средното општинско училиште „Перо Наков“ во периодот од 19 март до 23 март 2018 година беше домаќин на девет ученици од Полска, Литванија и Романија, како и на петмина наставници од истите земји преку проектот КА2 – „Outdoor learning experience“, поддржан од „Еразмус плус“ и Националната агенција за образовни програми и мобилност на Република Македонија.

Главната цел на проектот е да се мотивираат и поттикнат наставниците, наставните единици кои се предвидени во наставната програма почесто да ги реализираат надвор од училницата. Во реализација на целиот проект предвидено е да се издаде прирачник во кој ќе се објаснат методите и техниките кои наставниците би можеле да ги користат за реализација на ваквите часови. Интересно е да се напомене дека за потребите од проектот веќе се реализираат вакви воннаставни активности во училиштето и досега се реализирани преку 30 наставни часа.

За време на овие наши заеднички часови со учениците и наставниците од Полска , Романија и Литванија, имавме можност проектот да го претставиме и пред Градоначалникот на Општина Куманово, Максим Димитриевски при што  објаснивме што всушност е сработено и што се планира да се реализира до крајот на проекот, вели наставничката Ивана Близнаковска Доцевска од СОУ „Перо Наков“.

 

 

Наставниците и учениците од СОУ „Перо Наков“ како домаќини на проектот, реализираа многу активности надвор од училница, учесниците имаа и час по народни танци и историја во соработка со КУД „Панче Пешев“ каде што научија интересни факти за историјата на македонските игри, а имаа можност и да научат некои од македонските традиционални ора.

Исто така, учесниците имаа и час по економија во Народната Банка на Република Македонија, од каде што научија и за монетарната политика во Македонија, како и за историја на парите кои се користени во Македонија. Учесниците имаа и интегриран час во Охрид, каде што го посетија Музејот на заливот на коските, Св. Наум, Самуиловата тврдина и многу други значајни културно-историски знаменитости. Учесниците имаа можност и да присуствуваат на интегриран час по јазици кои што се застапени во проектот, пред сѐ англискиот, како и македонскиот, литванскиот, полскиот и романскиот јазик во Библиотеката „Тане Георгиевски“ во Куманово.

Координаторот на проектот за Македонија, Ивана Близнаковска Доцевска истакна дека ваква мобилност има за цел размена на практики, знаења и искуства помеѓу наставниците како и помеѓу учениците кои се вклучени во проектот. Со реализација на проекти од ваков размер, учениците и наставниците ги подобруваат своите комуникациски вештини , како на македонски така и на англиски јазик.

 

 

Ова не е прв ваков проект за училиштето „Перо Наков“. Учениците и наставниците и претходно остварија соработки  со училишта од Португалија, Италија и Шпанија.

Со поддршка на директорот на училиштето Мила Жибак Димковска, се очекува со почеток на новата учебна година да започнат со релаизација на уште три меѓународни проекти.

Leave a Reply