Директорката на ДЗСИ, Иринка Сотирова Бухова на денешната прес конференција презентираше детали за констатацитие на Дражвниот здравствен и санитарен инспекторат за случувањата во Куманово.
Како што рече таа констатирани биле одредени прекршувања.
Првиот надзор бил извршен на 17.04 во ЈЗУ Центар за јавно здравје Куманово, цел на овој надзор било утврдување на фактичката состојба во однос на работата на установата, постапување во однос на протоколите и алгоритмите во однос на следење на случаи потврдени со Ковид19.
– Првото тестирање е извршено на 26.03 на лица од кризен штаб во Куманово, тестирани 28 лица за кои се добиени 28 негативни резултати. Второто тестирање е на 12.04 при што земени се 38 бриса и како што на сите ни е познато, добиени се пет позитивни резултати и издадени решенија за 37 контакти. Констатирани недостатоци се следните и првото и второто тестирање се без спроведеување на редовна задолжителна епидемиолошка анкет од страна на епидемиолог од Центарот за јавно здравје, изјави Сотирова Бухова.
Како што рече директорката на ДЗСИ, и двете тестирања се изведени како скрининг по изјаснување на епидемилогот од Центарот за јавно здравје Куманово.
– Ова е прекршок директно по член 27 од Закон за заштита на население од заразни болести што значи дека е констатиран еден прекршок. Второто што е констатирано дека брисевите се земени во просториите на Општина Куманово што е сосема спровитно од протоколите. Брисеви на лица сомнителни со индијакција, епидмеиолошка анкета или симптими се земаат во просториите на Центарот за јавно здравје. Имаме досега два прекршоци, и тоа, прво дека брисевите се земени како скрининг без анкета, што е спротивно на член 27 од Закон за заштита на население од заразни боелсти, скрининг не може да се изведе без дозвола на минситер. Вториот прекршок е заради земање брисеви во недекватен простор. Секој пункт мора претходно да добие дозвола од Министерството за здравство за исполнување на услови по основа на простор, опрема и кадар, заради овие два прекршока во тек е постапка за вонреден стручен надзор која ќе проследи понатмау одлука по извршениот вонреден стручен надзор, изјави Сотирова Бухова.
По однос на вториот инспекциски надзор, за негативните тестови на градоначалникот Максим Димитриевски и директорот на РЦУК Горан Стојановски, кои излегоа негативни на тестирањата во приватни лаборатории биле опфатени повеќе институции.
Надзорот започнал во Центарот за јавно здравје Куманово, од каде продолжил во просториите на Здравствен дом Куманово во службата за Итна медицинска помош, на Инфективното одделение при Општа болница Куманово, кај матични лекари двете лица.
Надзор потоа бил напаравен кај службата за епидемиологија и трите лаборатории во Скопје каде е вршено тестирањето.
– Во служба за Итна помош констатирани се пропусти, неправилности од област на евиденцијата. Евидентиран патен налог за возачот на комбето или возилото, кој почнува од 8 часот до 20 часот, потпишан од возачот и уште едно лице за кое не знаеме чив потпис е тоа. Во службата за Општа болница Куманово евидентирани се лицата М.Д. и Г.С. како итен случај каде е креиран итен упат за Клиничка болница за инфективни и фибрилни состојби Скопје. По извршен телефонски контакт со Клиниката за инфективни болести, лицето не е појавено на преглед во Клиниката, понатаму увидот е продолжен во одделението за инфективни боелсти во Општа болница Куманово, каде е констатирано дека за двете лица креирани се упат за рендген на бели дробови и лабораториски анализи. За едното лице има наод дека е препишана да продолжи веќе препишната терапија и е препорачано домашно лекување, за второто е препорачано дека нема потреба од терапија, но препорачано е домашно лекување, вели Сотирова-Бухова.
Вонреден инспекциски надзор бил направен и во Клиниката Жан Митрев, Биотек и Систина, каде се направени тестирањата и истите биле заведени во електронска евиденција и во дневникот за евиденцијата, а резултатите од тестовите им биле испратени на 23ти.
– Надзоро во матичните амбуланти на овие пациенти, констатирано е дека истите двајцата, се секојдневно контактирани телефонски од матичните лекари при што во ниту еден случај немаат дадено податок за влошување на здравствената состојба. По завршување на наодот констатирано е дека лицата за кои на 16.04 се издадени решение за домашно лекување направен е прекршок непостапување по решение, истите го напуштаат местото на престој, тоа е казниво за што ќе се изрече прекршочен прекршок по Закон за заштита на население од заразни болести, со парична казна од 300 до 600 евра. Второто што е нотирано е неправилна евиденција во службата за Итна медицинска помош, таму секако како и за постапувањето на докторите од Инфективното одделение на Општа болница Куманово во тек е вонреден стручен надзор, рече директорката на ДЗСИ.
Димитриевски и Стојановски се уште не се евидентирани како излекувани, бидејќи треба да се запазат протоколи за дополнителни тестирања.
– Не се евидентирани како излекувани, се сметаат лица кои се Ковид19 позитивни, а се во домашно лекување, ставени во домашно лекување, се тестираат 14 дена по издавање на решение од Центарот за јавно здравје, каде што живеат, доаѓа во лична заштитна опрема по протокол и брисевите се земаат во домашни услови. Ако првиот е негативен во рок од 24 до 48 часа истиот Центар за јавно здравје праќа екипа повторно во домашни услови се зема брис, ако и вториот е негативен тогаш тој пациент се смета за излекуван и влегува во архивата на излекувани пациенти, појасни Сотирова – Бухова.
Сотирова-Бухова ја поддржува тезата на министерот за здравство дека двете лица можеби биле излечени во меѓувреме.
– Во лабораторијата Жан Митрев направени се две тестирања и двете се ПЦР со земање брис, такво тестирање и во Биотек, а во Систина направено е серолошко тестирање за антитела каде е покажано присуство на иген антитела. И за ова следува вонреден стручен надзор, ќе се изјаснат стручањеице, но присуството на антитела ја потврдува тезата дека одредено лице имало близок контакт со вирусот во непосредно кратко време уназад, што како што рече министерот, времето меѓу првото и второто тестирање овозможува одредено лице да било инфицирано со што иген антителата потврдуваат, а сега не повторното тестирање да покаже негативен резултат, рече таа.
Никола Ивановски