Состанок на Советот за безбедност на ОН на барање на Русија

Сподели со своите пријатели

Советот за безбедност на Обединетите нации ќе се состане во петок на барање на Русија, според дипломатите, за да разговара за тврдењата на Москва за американската биолошка активност во Украина, за кои таа сè уште нема презентирано докази.

Loading...

Седницата се очекува да се одржи претпладне.

„Руската мисија побара седница на Советот за безбедност на 11 март за да се разговара за воените биолошки активности на САД во Украина“, напиша на Твитер Дмитриј Полјански, првиот заменик постојан претставник на Русија во ОН.

САД во средата ги отфрлија повторените руски обвинувања дека Вашингтон има лаборатории за биолошко оружје во Украина, отфрлајќи ги тврдењата како „смешни“ и сугерирајќи дека Москва можеби ја поставува основата за употреба на хемиско или биолошко оружје.

 

Нови снимки од воздух: Се размести големиот руски воен конвој

 

Во вторникот вечерта, Русија го повтори своето обвинување, за прв пат изнесено пред неколку години, дека САД соработуваат со украинските лаборатории за развој на биолошко оружје.

Loading...

Ваквите наводи се појавија во руските медиуми пред воениот напад на Москва врз Украина, а во средата ги изнесе портпаролката на Министерството за надворешни работи Марија Захаров.

Портпаролот на Стејт департментот Нед Прајс во изјавата во средата рече дека Русија „измислува лажни изговори во обид да ги оправда сопствените ужасни акции во Украина“.

Како и многу други земји, Украина има јавни медицински лаборатории кои истражуваат опасни болести кои ги погодуваат животните и луѓето.

Нивните лаборатории добија грантови од САД, Европската Унија и Светската здравствена организација.