СОС Детско село отстапи урбана опрема од ТЦ Табановце на општина Куманово

Сподели со своите пријатели

Опремата од детското игралиште од  Транзитниот центар Табановце кое беше наменето за бегалците, наскоро ќе ја користат сите граѓани на Општина Куманово.

 

Loading...

 

Невладината организација СОС Детско село преку која е изградено детското катче, по завршување на својот ангажман во кампот, одлучила опремата да ја предаде на локалната самоуправа која самата треба да одлучи каде ќе ја постави.

 

 

Урбаната опрема, според градоначалникот Максим Димитриевски ќе биде дисперзирана на повеќе локации во градот, а игралиште ќе добие и училиштето во селото Табановце.

– Овој детски корнер верувам дека ќе ни даде можности да направиме поголем број на вакви корнери во нашиот град со тоа што дел од оваа опрема која што денеска ја гледаме тука е донирана од самиот бегалски камп со кој што управувало Детското село, ќе биде деспирзирано во одредени делови на нашата општина и секако еден дел од оваа опрема ќе биде ставена на располагање на мештаните ан село Табановце со тоа што ќе ја дислоцираме и на одредени други позиции, со тоа што претпоставувам на локацијата кај што е училиштето во селото и воедно ќе биде еден убав пример како треба да ги уредуваме новите зелени површини. Опремата е во одлична состојба треба мала репарација и ние сме благодарни за самата донација, а воедно ја користам оваа прилика да се заблагодарам на вработените  во овој транзитен камп во изминатите години од функционирањето, згружувањето на сите тие деца бегалци кои транзитираат на нашите простори и на сите професионалци почнувајќи од претставниците на Министерството за внатрешни работи, Центарот за управување со кризи и сите институции и невладини организации кои дадоа несебичен допринос за да како Република Македонија се справиме со онаа бегалска криза која ни се случи, изјава Максим Димитриевски.

Вкупно 230.000 деца за две години добиле помош преку СОС Детско село, вели денеска претставникот на организацијата Срџан Амед. Помошта која тие им ја нудеа на бегалците беше претежно психосоцијална поддршка.

– Од почетокот на кризата во 2015 година, средината на август, до декември 2017 година, пруживме повеќе од 230.000 сервиси на деца, деца без придружба, мајки, бремени жени и млади девојки. Од оваа вкупна бројка на сервиси имаме регистрирано 110.000 деца, 385 бремени жени, 313 малолетни лица без придружба и останатата бројка се семејства на кои им пружавме помош. Помошта која ја пружавме беше во вид на психосоцијална поддршка на краток период, па и на подолг период на оние кои подолго беа сместени повеќе во овој Транзитен центар, од страна на професионалци, потоа хуманитарната помош и здравствената заштита која што ја пружавме преку Црвениот крст на град Скопје и слободен пристап до интернет и комуникации кој што бегалците, покрај оваа целна група и сите останати, имаа можност да користат интернет и пристап до информации што беше многу клучно за нив за да знаат што се случува, вели Амед.

Loading...

Во моментов, според одговорното лице од Центарот за управување со кризи, Горан Стојановски, во кампот на Табановце престојуваат 21 бегалец, но таа бројка постојано е менлива.

– Во моментов во транзитниот центар табановце има 21 мигрант-бегалец , инаку на дневна основа тоа се променливи состојби, пред недела дена имавме дури 62 бегалца, сепак тоа зависи од движењето од јужната кон северната граница и обратно, така што ништо нема да биде чудно денеска да завршиме во вечерните часови со бројка од 30-40 бегалци. она што останува и што беше во претходниот период како грижа за бегалците со јасно запазување на максимално хуманиот третман кон бегалците останува и деенска да важи и влијае, сите тие се згрижени со помош и  поддршка на партнерот на државата Црвен крст на РМ и другите невладини организации кои се присутни тука, активностите остануваат апсолутно исти непроменети, изјави Стојановски.

Во последниот период во крампот претежно транзитираат економски мигранти од Алжир, Либија и Мароко, а се помалку оние кои бегаат од воените жаришта како што тоа беше кон почетокот на кризата.

 

Leave a Reply