Компанијата, која ги води филантропските работи на извршниот директор на Фејсбук, Марк Цукерберг и неговата сопруга Присила Чан, ќе инвестира околу 3,4 милијарди долари за подобрување на здравјето на луѓето во следните 10 до 15 години, изјави портпаролот на организацијата.
Иницијативата Чан Цукерберг (CZI) синоќа објави податоци за плановите за поддршка во таа област, чија цел е набљудување, мерење и анализа на биолошкиот процес низ човечкото тело.
Организацијата, која има мисија до крајот на векот да ги лекува, спречи или управува со сите болести, изјави дека во следните 10 години својата научна работа ќе ја насочи кон развој на нови истражувања, институти и технологии кои ја помагаат нејзината мисија.
Портпаролот на CZI Џеф Мек Грегор рече дека ќе бидат дадени 500 милиони долари за формирање на институт на Универзитетот Харвард кој се фокусира на вештачката интелигенција.
Институтот, кој ќе ги добива овие средства во следните 15 години, ќе го носи името на Карен Кемпнер Закерберг, по мајката на Цукерберг.
Портпаролот рече дека меѓу 600 и 900 милиони долари ќе одат за нов институт за биомедицински слики, а 1 милијарда долари за мрежата Chan Zuckerberg Biohab, нова иницијатива која ги обединува научните институции да работат на „големите научни предизвици“.
Поточно, од 800 милиони до милијарда долари ќе бидат дадени во следните десет години на Biohab на Чан Цукерберг, чија цел е да развие технологии за превенција на болести.
Другата компанија на Цукерберг, Facebook, неодамна го промени своето име и лого, а новото име е Meta Platforms Inc.

