Сопственикот пред мачката постепено го креваше гласот, таа не можеше да го скрие шокот (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Сопственикот на една мачка одлучи да ја сними нејзината реакција кога го слуша како постепено го крева тонот на неговиот глас, а видеото за кратко време стана хит на Reddit.

Loading...

На почетокот на видеото можете да видите мачка која изгледа како штотуку да се разбудила од сон, а само неколку моменти подоцна изразот на лицето целосно и се смени од смиреност во ужас, откако го слушна сопственикот додека неговиот глас од тивок станува погласен.

Кон крајот може да се слушне како сопственикот се смее додека очите на мачката сеуште се шират од шок. Видеото доби повеќе од 18.700 лајкови и стотици коментари на Reddit.

“Вашата мачка најверојатно ќе се одмазди во текот на ноќта. Внимавајте”, напишал коментаторот.

„Веројатно мислеше дека ќе експлодирате“, додаде друг.