Сопственикот на Телевизија „Хепи“ изрешетан во центарот на Белград (видео)

Сподели со своите пријатели

Во белградскиот хотел „Прага“ вечерва околу 20 часот дошло до пукање во кое е повреден познатиот српски бизнисмен Предраг Ранковиќ Пецони, инаку сопсвеник на познатата српска национална телевизија „Хепи“, јавуваат српските медиуми.

Нему му е пукано во нога, при што бил погоден со 5 куршуми, по што е префрлен во Ургентниот центар со повеќекратни повреди и таму е опериран.

Неговата состојба е стабилна, свесен е и комуницира со пријателите.

Пред Ургентниот центар се наоѓаат голем број негови пријатели и роднини кои чекаат вести за здравствената состојба на познатиот белградски бизнисмен.

https://www.facebook.com/kuririnfo/videos/1462565597140394/

Loading...