Сопственикот го оставил затоа што скокнал на друго машко куче: „Не сакам геј миленик“

Сподели со своите пријатели

Куче под името Фецко, сопственикот го оставил во засолниште за напуштени животни, откако скокнал на друго машко куче. Сопственикот на Северна Каролина заклучил дека Феско е геј и го оставил.

Фецко има четири години и 22 килограми и бара нов дом. Засолништето моментално бара волонтери кои ќе го примат додека не најде дом засекогаш. Како што опишале, неговиот сопственик не го сакал кучето поради однесување кое го сметал за „неприродно“.

 

 

Тие го опишале кучето како пријателски настроено кон луѓето и другите животни.

Скокањето на други членови од вашиот вид е дел од кучешката игра и најчесто нема никаква врска со сексуалноста. Кученцата честопати скокаат на други кученца, играчки и луѓе, а дури и по кастрацијата може да се видат возрасни кучиња како скокаат врз други затоа што тоа едноставно им е забавно. Покрај тоа, тие го покажуваат својот статус и контрола со скокање.

Од друга страна, хомосексуалноста е забележана кај 1.500 животински видови, објави Scientific American.