Сопственичката на куќата во која е роден Адолф Хитлер, во местото Браунау, не ја прифаќа одлуката на австриските власти за експропријација и пред судот се бори за отуѓен имот.
Некогашната сопственичка најавува дека ќе се обрати до Европскиот суд за човекови права во Стразбур, каде ќе поднесе жалба за одлуката на австриската влада, која во јуни ја потврдил и Уставниот суд.
Адвокатот кој ги застапува истакнува дека експропријацијата било кршење на нејзините човекови права. Тој минатата недела во судот во Рид поднел барање за утврдување нова свота за откуп на зградат,а затоа што поранешната сопственичка смета дека 310.000 евра колку добила од Австрија се премалку.


