Сопругата на Шахини осомничена за повразност со обидот за негово убиство

Сподели со своите пријатели

Сопругата на лекарот и носител на листата кандидати на ДУИ во Липково, Зекирија Шахини, во кој вчера беше пукано во Куманово, е приведена.

МВР ја сомничи за вмешаност во обидот за убиство.

– На 07.10.2025 полициски службеници од СВР Куманово ја лишија од слобода А.А. (43) од Тетово, поради основи на сомнение дека е поврзана со обидот за убиство на нејзиниот сопруг З.Ш. (43) од село Слупчане, липковско, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Во врска со престрелката, се сомничи Гостиварец кој е во бегство.

Исто така, во врска со настанот на службен разговор во СВР Куманово се повикани шест лица, а во домот на Б.С. (50) од Куманово по судска наредба, е извршен претрес. По целосно документирање на случајот, против А.А ќе следува соодветна пријава, додека против Љ.Ф. (36) од Гостивар, кој се сомничи за обид за убиство и се уште е во бегство, велат од МВР.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  ЖРК Куманово вечерва го пречекува тимот на ЖРК Металург

По консултација со Основното јавно обвинителство, како што стои во соопштениет, исто така  ќе биде поднесена кривична пријава.

Никола Ивановски