Сопругата на белгискиот амбасадор и удрила шлаканица на работничка во бутик, повикува на дипломатски имунитет (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Во соопштението на полицијата во Сеул се вели дека сопругата на амбасадорот на Белгија го активирала својот дипломатски имунитет и дека тужбата била одбиена поради тоа.

Loading...

Сопругата на белгискиот амбасадор во Јужна Кореја иницираше право на дипломатски имунитет откако и удри шлаканица на продавачка во Сеул.

Амбасадорот Питер Лескују претходно се извини во име на неговата сопруга Ксијанг Xедју. Тој рече дека каква било форма на физичко насилство е неприфатлива, и покрај фактот дека „таа можеби имала причина да се лути поради начинот на кој се однесуваа кон неа во трговијата“, пренесува Индекс.

 

 

– Искрено жали и сака во првата можност лично да и се извини на продавачката – рече Лескује на видеото објавено на Инстаграм минатата недела, додавајќи дека неговата сопруга „активно соработува со полицијата“.

Сепак, во соопштението на полицијата во Сеул се вели дека Ксианг го активирала својот дипломатски имунитет и дека тужбата е одбиена поради тоа. Според Виенската конвенција, на која Јужна Кореја е потписник, дипломатите и членовите на нивните семејства имаат право на имунитет од кривично гонење, под услов тие доброволно да можат да се одречат од тоа.

Loading...

Видеото што се појави на социјалните мрежи покажува како Ксианг се судрила со двајца работници во продавница за облека на 9 април, откако едниот ја запрел, верувајќи дека можеби ја украла јакната што ја носела.

Таа се обиде да ја види етикетата на нејзината јакна
Работничката, која сакаше да остане анонимна, за Си-Ен-Ен изјави дека не разбира што зборува Ксианг и дека се обидела да ја види етикетата на јакната. Таа ја запре сопругата на амбасадорот пред бутикот и кога виде дека јакната не е украдена од продавницата, се извини на англиски и се врати внатре. Но, Ксианг исто така се врати во бутикот, луто турна една од работниците, а потоа и удри шлаканица.

– Можеме да разбереме дека била лута, но тоа не го оправдува нејзиното насилно однесување – рекла продавачката.

 

Leave a Reply