Сообраќајот на државните патишта се одвива тековно по влажни коловози, информираат од „Македонија пат“.
Слаб дожд врне низ целата република. Намалена видливост поради магла до 50 м има на патен правец село Лисец – Попова Шапка. На одредени патни правци кои поминуват низ клисури и усеци можна е појава на поситни одрони.
ЈП „Македонија пат“ апелира на внимателно возење и прилагодување на брзината спрема условите на патот.