DroneHunter, како што сугерира неговото име, е дизајниран да ги лови несаканите дронови, користејќи радарски систем со вештачка интелигенција и специјална мрежа.
За време на неодамнешното тестирање во Аризона, тој успешно „елиминираше“ различни авиони од небото (UAV), чија максимална тежина е 9,1 килограм.
Модерната технологија овозможи брз развој на беспилотни летала, кои се користат од двете страни на законот.
Така армијата и полицијата го чуваат обезбедувањето со дронови, шверцери пренесуваат наркотици, а забележан е и обид за атентат на претседателот на Венецуела.
Затоа е подеднакво важен развојот на контрамерки, кои вклучуваат специјални пушки видени во Брисел.
Во следниот прилог ќе видите како DroneHunter целосно автономно полетува, идентификува, пресретнува и фаќа „непријателски“ авиони.