Вчера во попладневните часови на магистралниот пат Штип-Радовиш се случила сообраќајна незгода при разминување на Влекач „Даф“ со кумановски регистарски ознаки и Приклучно Полуприколка „Шмитз“ управувано од Н.А.(1977) од Куманово и ПМВ„Мерцедес Е-220“ со струмички регистарски ознаки сопственост и управувано од З. М. (1968) од Струмица.
Во незгодата со крварење на черепот и рани на главата се здобил З.М. кој со возило на итна медицинска помош бил пренесен во Медицински Центар Струмица од каде како итен случај бил препратен во Клинички Центар-Скопје на клиниката за Неврохирургија.
Увид на лице место извршиле ЈО и увидна екипа од СВР-Штип. Сообраќајот бил во прекин до 20.50 часот, а потоа е целосно нормализиран.