Ако мислевте дека возењето во Куманово е хорор, тогаш не сте виделе како изгледа сообраќајот во Бангладеш!
Браник до браник, автобус до автобус… Кој кому му пресекува пат, кој има првенство на минување, никогаш не се знае, а патот не е баш за сообраќај.
За жал, недостатокот на обучени возачи и сообраќајна полиција, неисправната сообраќајна сигнализација и огромното количество возила се сметаат за главна причина за сообраќајниот метеж што создава секојдневно страдање за патниците во Бангладеш.
Не е невообичаено да се случат судири затоа што луѓето купуваат на маркети поставени на сред улица.
Граѓаните се качуваат и излегуваат од автобус како и каде што сакаат, а сообраќајниот службеник им дава „сигнал“ на возилата удирајќи со стап во автобусот или автомобилот кога треба да се движат.