Сонувате бизарни соништа? Не грижете се, не сте единствени!

Сподели со своите пријатели

Пандемијата на коронавирусот, извлекува… па, бизарното во нас. Колку тоа е бизарно можете да видите на Твитер под хештагот #pandemicdeams. Но, не грижете се, експертите велат дека е „нормално“.

Loading...

Мрвотечки автомобил наместо такси, разговор со мајка-патка во длабок снег, кошмари за китовите и моржевите се само некои од искривените соништа што ги споделуваат корисниците на Твитер со остатокот од светот.

Детски роденден во карантин: Како да му приредите забава на детето?

Експертите велат дека овие соништа се уште се нормални и начин за нашите мозоци да ги обработуваат стресните информации што ги слушаме на дневна основа, поради епидемијата на коронавирусот.

„Оваа пандемија е нешто со кое досега не сме се соочиле. И нашите мозоци сега се обидуваат да најдат време кога работите не беа такви“, објаснува професорот за соништа, професор Мир Мир Кидер.

„Тоа е како кога луѓето се обидуваат да заспијат и не можат да се исклучат. Потоа, тие размислуваат за времиња кога работите биле подобри”, рече тој за Си-Ен-Ен.

Три места на кои би биле сигурни од коронавирусот, само ако би ве пуштиле внатре (ВИДЕО)

Иако експертите сè уште не знаат зошто сонуваме, постојат неколку теории, вклучително и онаа дека во соништата, во безбедно опкружување, испробуваме различни животни сценарија, вели Џејсон Елис, професор по психологија и директор на Центарот за истражување на соништата на универзитетот Нортумбрија.

Loading...

Друга теорија е дека преку соништата ги обработуваме информациите што ги собираме во текот на денот или да создадеме нови спомени или да сортираме непознати информации во веќе постоечкото знаење.

„Кога гледате во мозоците на луѓето додека спијат, можете да ја видите разликата кога тие сонуваат и кога не сонуваат. Може да забележите промена во активноста на мозокот“, рече Елис.

Епл и Гугл со заеднички сили против Ковид-19

Исто така, постои теорија дека соништата служат за решавање на емоционалните проблеми што ги доживуваме будни.

Стрес поради пандемијата – семејство, работа, ментални проблеми – може да резултира во соништа кои се многу вознемирувачки затоа што соништата не само што ни помагаат да се справиме со стресот, туку и да ја рефлектираат реалноста.

Живописните соништа може да послужат како начин за справување со стресот, но тие исто така му помагаат на мозокот да процесира нови околности и тие најчесто се случуваат во фазата на длабок сон.

Планетата стана побавна: Поради тишината се „слушаат“ и потресите

Она што е чудно во врска со пандемиските соништа е дека тие не се бизарни или застрашувачки, но ние ги паметиме. Луѓето во „нормални околности“ најчесто забораваат на што сонувале.

Loading...

Пиењето алкохол ни помага да ги заборавиме соништата брзо. Но, зголемената потрошувачка на алкохол, исто така, може да нè разбуди од длабок сон, поради што сега се сеќаваме на соништата, вели Елис.

Бинџувањето“ серии изгледа како добра идеја за „убивање време“ во период на полицискиот час, но тоа влијае на квалитетот на сонот. Фрлете во таа мешавина и гледање на вестите пред спиење и можете да заборавите на тивка ноќ, вели Кидрид.

Пандемијата би можела да турне половина милијарда луѓе во сиромаштија

Експертите исто така велат дека имаме чудни соништа затоа што нашите рутини се нарушени.

„Кога одиме на работа, имаме структура, знаеме кога стануваме и кога ќе заминеме од работа. Веројатно, исто така, легнуваме во одреден момент за да станеме наутро на време и така натаму“, вели Елис.

Сега не постои таква структура и воспоставувањето рутина и придржувањето до распоредот е сè потешко. Повеќе не одиме да спиеме во одредени периоди, нарушувајќи ги внатрешните процеси неопходни за добар сон, вели Елис.

Зошто сонот никогаш не го завршуваме до крај?

Не само што се поврзани со работата, рутината, туку и социјалните практики се променија. Бидејќи луѓето се социјални суштества, ние креативно се прилагодивме на новите начини на интеракција со семејството и пријателите преку виртуелниот свет, гледање филмови преку социјалните медиуми и слично.

Loading...

Оваа интеракција е добра, но изложеноста на светлина од екранот пред спиење, од која било причина, влијае на квалитетот на спиењето.

Адаптирањето во стресна состојба и усвојување на позитивни, продуктивни навики е тешко, но експертите предупредуваат дека е потребно добро спиење за да се спречат проблеми во иднина.

Данците прават залихи од секс играчки, продажбата поголема за 110%

„Здрави навики“ кога станува збор за спиење значи дека ги исклучувате сите екрани два до четири часа пред спиење, но и обидете се да одите на спиење во исто време секоја вечер. Одморете се од вестите во вечерните часови – со што се намалува можноста за кошмари, вели Килд.

„Знаеме дека кога некој не спие добро, постои ризик од депресија или посттрауматски стрес“, рече Елис.

„Затоа треба да им помогнеме на луѓето сега да се обидат да спијат мирно за да спречат многу психолошки проблеми со кои ќе се соочиме за девет, десет месеци“, додаде тој.

Loading...

Leave a Reply