Според стручните проценки, една на секои 25 возасни личности има повеќе денови со главоболки отколку без нив. Со време лицата сами сфаќаат што кај нив ја поттикнува главоболката и презимаат превентивни чекори, но ви пренесува и дел од нив.
Вежабање
Получасовно шетање, возење велосипед или некои други умерени физички активности би требало да станат ваша рутина. Експертите велат дека се уште не е познато како точно физичката активност влијае на спречување на главоболките, но претпоставуваат дека најголема улога во превенцијата има хормонот ендорфин кој се лачи за време на вежбањето, како и истегнувањето и опуштањето на мускулите, особено на вратот и рамениците.
Слабеење
Главоболките најчесто се јавуваат кај лица со преголем индекс на телесна маса, особено над 30, а студиите покажуваат дека лицата кои слабеа, по губитокот на килограмите поретко имаат главоболки.
Спиење
Премалку и премногу сон може да предизвика главоболки. Стандардна препорака се осум часа сон дневно, иако секој треба својот број на часови поминати во креветот да ги прилагоди на својот биоритам
Loading...