Сончево време со температури до 16 степен

Сподели со своите пријатели

Во првата половина од ноќта во земјава времето беше умерено до значително облачно со локален дожд со слаб интензитет, а на планините слаб снег. Дуваше умерен на повеќе места засилен ветер од северен правеци во Пелагонија и Скопската котлина достигнуваше брзина од 60 до 70 км/час. Во втората половина од ноќта врнежите насекаде престанаа а облачноста се намалуваше. Дуваше умерен до засилен северен ветер. Утринава насекаде во земјава преовладува сончево време. На повеќе места дува умерен северен ветер.

Како што информираат од Управата за хидрометеоролошки работи, времето денеска ќе биде претежно сончево со слаб до умерен, долж Повардарието повремено засилен северозападен ветер. Највисоката дневна температура на воздухот ќе се движи во интервалот од 10 до 16 степени.

Во Куманово и околината во текот на денот ќе преовладува претежно сончево време со мало замаглување. Ќе дува умерен источен, односно југоисточен ветер, а максималната дневна температура ќе достигне до 14 степени.

Утре и за време на викендот ќе преовладува сончево време, утринската температура ќе биде во опаѓањеа а дневната во пораст. Ќе дува и умерен ветер од југоисточен правец. Од понеделник ќе преовладува променливо облачно време со повремен локален дожд.