Преку ноќта се задржа ведро време, а утринава е ведро и доста студено. Понекаде дува слаб претежно јужен ветер.
Loading...
Според Управата за хидрометеоролошки работи, во текот на денот времето ќе биде сончево, наутро студено, а преку денот со слаб јужен ветер.
Максималната температура ќе биде во интервал од 5 до 13 степени.
Во Куманово и околината денеска ќе имаме сончево време со максимална температура до 6 степени, која во текот на ноќта ќе се спушти и до -5.