Сончево и топло, а во попладневните часови со мала до умерена облачност ќе биде во текот на денешниот ден, информираат синоптичарите на Управата за хидрометеоролошки работи.
Облачноста најпрвин ќе се зголемува од западната страна, а ќе дува слаб до умерен западен и југозападен ветер. Минималните температури ќе се движат од 3 до 12, а максималните дневни температурни вредности ќе бидат во интервал од 23 до 29 степени целзиусови и индекс на ултравиолетово зрачење шест.
Во Куманово и околината денеска ќе преовладува сончево време со температура до 26 степени целзиусови, која во текот на ноќта ќе се спушти до шестиот степен.
Во наредните денови ќе преовладува стабилно и топло време. Само во четврток ќе има преодно дестабилизирање со локален пороен дожд и грмежи, претежно во северните и источните делови, а ќе дува и засилен ветер од југозападен правец.