Времето денеска ќе биде претежно сончево и многу топло. Ќе дува умерен ветер од западен и северозападен правец, велат од Управата за хидрометеоролошки работи.
Минималните температури ќе се движат од 9 до 16, а максималните дневни ќе бидат во интервал од 25 до 32 степени целзиусови. УВ индексот ќе изнесува 8.
Цо Куманово и околината денес ќе имаме сончево до умерено облачно време со слаб ветер од северозападен правец и максимална дневна температура од 27 степени целзиусови. Во вечерните часови температурата ќе опадне на 12 степени и ќе има услови за внржеи и грмежи од слаб карактер.
И во среда ќе се задржи сончево и многу топло време. Кон крајот на денот ќе има наоблачување со локален дожд во северните делови. Од четврток следува период на понестабилно време со постепено благо опаѓање на температурата. Во претпладневните часови ќе биде сончево, а попладне ќе има локална појава на пороен дожд и грмежи.